Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕ НОВИОТ СТУДЕН ТУШ ОД МАКРОН, ЈАСНО Е ДЕКА ПРОШИРУВАЊЕТО НЕ Е ПРИМАРНА ЦЕЛ НА ЕУ: Ванковска вели поддршката опаѓа драматично

ПОСЛЕ НОВИОТ СТУДЕН ТУШ ОД МАКРОН, ЈАСНО Е ДЕКА ПРОШИРУВАЊЕТО НЕ Е ПРИМАРНА ЦЕЛ НА ЕУ: Ванковска вели поддршката опаѓа драматично

Професорката Билјана Ванковска ја анализираше состојбата со проширувањето на ЕУ и приемот на земјава.
„На панелот во Блед водителот изнесе податок дека поддршката за ЕУ во Македонија изнесува само 50 отсто. Ковачевски не само што не реагираше на таа ниска бројка, туку и ја потврди (дека и тоа било многу со оглед на околностите). Во исто време, политичката и медиумската пропаганда, вклучително и Америте, нон-стоп се трудат да не' убедат дека поддршката е на 80 отсто, и дека заради таквата „јасна волја на граѓаните“ треба да смениме Устав.

Со други зборови, сите се свесни дека поддршката опаѓа драматично, што поради сите изневерени ветувања, што поради стоење во место од 2005 година, што поради бугарските уцени. Народот не е ни глуп, ни заблуден. Политичките елити го третираат како таков.

После новиот студен туш од Макрон е сосема јасно дека проширувањето воопшто не е примарна цел на ЕУ, која си има други егзистенцијални проблеми. Само Флориан Бибер ќе изјави (за еден весник во регионот) дека причината за застојот било отсуството на ентузијазам во С. Македонија! Но, што да правиш? Некои луѓе живеат од евро-идеологијата.“ напиша таа.



Слично

Поврзани вести