Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕ КОБНОТО СЕЛФИ: МЖ со кампања против правење селфи фотки на вагоните

ПОСЛЕ КОБНОТО СЕЛФИ: МЖ со кампања против правење селфи фотки на вагоните

Преку кампањата „Не прави селфи на воз-Вреди да живееш“ македонски железници ќе ги едуцираат студентите и учениците во основните и средните училишта во Скопје за ризиците кои ги носи фотографирањето во депоата на МЖ Транспорт, после неодамнешниот случај во кој електричен шок уби 15-годишно момче.

Кампањата почна вчера во Државната гимназија „Владо Тасевски“, каде добиле и летоци и видео презентации со пораки „спречете го својот пријател да се докаже“ и и „25 KV = 25.000 V или 5.000 пати повеќе отколку што ви треба да го наполните мобилниот телефон“.

Тимови ќе ги обучуваат сите основни и средни училишта во Скопје и ќе укажат на опасноста од електрични инсталации во возовите.

„Сакаме да делуваме и да ги образуваме младите луѓе да го употребуваат возот како средство, а не да се качуваат на кровот и да се фотографираат. Имаме многу убави места за фотографирања во возот внатре и во Македонија, каде може да отидете со воз, да излезете и да се фотографирате“, рекол Игор Коруноски, директор на МЖ Транспорт.

Слично

Поврзани вести