После 17 години верна работа, разрешен командирот на противпожарната бригада на Скопје
Командирот на противпожарната бригада на град Скопје, Благоја Менковски бил разрешен од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Менковски го потврди неговото разрешување, но не сакаше да коментира ниту за причините, ниту дали го очекувал ова. Тој само рече дека совесно ја извршувал својата работа и функција речиси 40 години.
- Досега, речиси 17 години како командир сум одговорил на сите предизвици и немало забелешки за мојата работа, изјави разрешениот Менковски за Актуелно.
На негово место е именуван Ѕвонко Томески.
Слично
