ПОСКАПЕА ЦИГАРИТЕ: Цените скокнаа за 10 денари
Пушачите добија нови цени на цигарите - Од денеска, ќе плаќаат по 10 денари повеќе по пакување.
Ова покачување е дел од редовното усогласување со акцизната политика, со која државата постепено ја зголемува акцизата на тутунските производи.
Со новите цени, ако цигарите чинеле 130 денари, од денеска, тие достигнаа 140 денари, а поскапите се продаваат и околу 200 денари. За пушач кој купува по една кутија дневно, поскапувањето значи 300 денари повеќе во месецот.
Акцизниот календар предвидува годишно усогласување до 2027 година, со цел постепено зголемување на приходите во буџетот, но и намалување на бројот на пушачи.
Слично
