Поскапе пајак-службата во Центар
Од утре за 1.000 денари ќе поскапи казната на пајак-службата на ЈП „Паркинзи Општина Центар“, информираат од општинското претпријатие.
„Цените на пајак-службата не се сменети 10 години, а поскапено е горивото, сервисот и деловите за возилата. Исто така, зголемен е и бројот на непрописно паркирани возила низ градот. Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата казната сега ќе биде 3.500 “, велат од ПОЦ.
Исто така, во Зона 1 сервисните и станбени улици во Сектор „Дебар Маало“, Сектор „Парк“ и Сектор „Буњаковец“ цената за 1 час паркирање поскапува од 60 на 70 денари.
Слично
