Поштенска станува Еуростандард банка
Преземањето е веќе завршено, а од утре Поштенска банка нема да постои - целосно ќе се ребрендира во Еуростандард банка.
Преку јавен оглас, Еуростандард банка објави дека е започнат процесот на присоединување на Поштенска банка кон неа, а по завршувањето на присоединувањето, името и седиштето на банката која ќе постои како правен субјект, ќе биде Еуростандард банка АД Скопје.
Оваа банка ќе влезе во категоријата средни банки, а акционери во неа ќе бидат два субјекти - Гофи-Груп оф Фајнанс енд инвестмент СА – Мелиде и Е.Х.Х Истерн Хемисфер Холдинг СА – Мелиде.
И по присоединувањето, банката ќе продолжи да врши финансиски, советодавни и консалтинг услуги.
Еуростандард банка, која претходно поседуваше 2/3 од капиталот во Поштенска, ги докупи преостанатите акции од Владата за 4.4 милиони евра.
Слично
