Економија, финансии, бизнис

Контакт

Посен Бадник,а на пазар мрсни цени

Посен Бадник,а на пазар мрсни цени

За да ги помине Божикните празници како што налагаат обичаите едно семејство треба да издвои минимум 3000 денари.

Сепак, иако трпезата е  сочинета од посни намирници, цените баш и не се така посни.

Претпразнично, пазарџиите ги креваат цените до плафон.

Лепче, грав, риба, тиква, туршија, сармички, посни пити и компири се производите кои речиси секое семејство за Бадник ги поставува на трапезата. 

Сепак Бадниковата вечера, се збогатува и со портокали, мандарини, јаболка но и костени и ореви кои вообичаено, секоја година, ден пред Бадник, на пазарите се продаваат со драстично зголемени цени.

Така во пресрет на Бадник и Божик еден  килограм  костени чинеа 200 денари, а толку оди и цената за килограм ореви.

Риба Ослиќ чини од 100 до 230 денари, бадниковите гранчиња се продаваат од 10 до 15 денари. Килограм портокали чини различно од 40 па до 60 денари.

Слично

Поврзани вести