Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Посебното“ судење на Јанкулоска на 28 мај

„Посебното“ судење на Јанкулоска на 28 мај

Во Кривичниот суд во Скопје, на 28 мај почнува судењето за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која е обвинета за набавката на луксузниот „мерцедес“. Ова следува откако судот по барање на специјалното јавно обвинителство дозволи, поради ризична бременост, на поранешната министерка да и се суди во издвоена судска постапка.

Судењето ќе го води судијката Ленче Гаврилова Ефремова, која го суди и предметот „Тарифа“ на СЈО.

За експремиерот Никола Груевски и поранешниот заменик-помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, на 14 мај следната недела ќе бидат изнесени завршните зборови, по што се очекува да биде донесена пресудата за случајот „Тенк“ на СЈО. Ова ќе биде прва пресуда за Никола Груевски од предметите на специјалното јавно обвинителство.


Слично

Поврзани вести