Економија, финансии, бизнис

Контакт

Посебно обраќање на Апостол Симовски до етничките Македонци пред пописот: Само тука можете слободно да се изјасните што сте

Посебно обраќање на Апостол Симовски до етничките Македонци пред пописот: Само тука можете слободно да се изјасните што сте

Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, преку посебно обраќање ги повика етничките Македонци да не потпаднат под влијание на повиците за бојкот на пописот на резидентното население, за кои вели дека „целта им е државата да ја стават што подлабоко во кал“.

- За жал во последно време се поинтенизвна е негативната кампања, но да не ги слушате ваквите повици на демотивација. Се обраќам директно до Македонците. Почитувани, живеете во единствената држава каде што слободно можете да се изјасните како Македонци. Тука ја имате таа можност без никаков притисок. Да ги заборавите овие повици на бојкот и дека ќе се заболите. Повеќе пати повикавме дека ќе ги почитуваме протоколите и дека нема да придонесеме епидемијата да се рашири. Секаде каде што има можност за отворен простор, тоа таму ќе го направиме, рече Симовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека повикувањето на бојкот е кривично дело, согласно одредени закони, ако има основа и дека заводот ќе ги пријавува сите кои повикуваат на бојкот. 

Доколку има услови, ќе започне навремено вакцинацијата на 6.000-те илјади попишувачи, но поради нивната голема бројка Симовски би прифатил и кратко одложување на пописот.

- Ако може да се организира брз процес, јас ќе бидам пресреќен. Не би правел проблем за кратко пролонгирање заради тоа, рече тој.


Слично

Поврзани вести