Посебни контејнери за курбаните: Да не се фрлаат остатоци од животните насекаде, апелираат надлежните
Во 17 контејнери кои се поставени во пет општини во Скопје граѓаните од муслиманска вероисповед ќе можат да го фрлаат органскиот отпад за време на празникот Курбан Бајрам. Ги постави ЈП „Комунална хигиена“ на повеќе локации во Скопје, а ќе стојат од денеска до 21 јули
„Град Скопје и ЈП „Комуналан хигиена“ апелираат до верниците својот органски отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото фрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина, стои во соопштението.
За КУрбан Бајрам се колат животни а контејнерите за остатокот од жртвите ќе бидат поставени на следниве локации:
1. Општина Шуто Оризари (автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин; до подвозникот; во близина на Хамдипашината џамија; кај Спортскиот центар)
2. Општина Бутел (во близина на џамијата Фетах Ефенди; во близина на џамијата Бедр - Бутел 1)
3. Општина Гази Баба (во близина на џамијата Сингелиќ; стадион Гази Баба)
4. Општина Чаир (поранешна локација на ЈПХКС; во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на Теќето во Дуќанџик; кај поранешното седиште на Скопското муфтиство на Кале)
5. Општина Сарај (кај старата општина Сарај; во близина на џамијата во средно Нерези)
Претходно Министерството за внатрешни работи пак соопшти дека мора да се почитува законската и подзаконска регулатива за продажба и колење на животни по повод празникот, вклучително и мерките за заштита од ширење на КОВИД-19.