Економија, финансии, бизнис

Контакт

Посебен сообраќаен режим во Скопје за утрешната заедничка литургија на МПЦ и СПЦ

Посебен сообраќаен режим во Скопје за утрешната заедничка литургија на МПЦ и СПЦ

МВР за утре најавува посебен сообраќаен режим во Скопје по повод заедничка Божествена литургија на поглаварите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан и на Српската православна црква г.г. Порфириј во Соборниот храм Свети Климент Охридски.

„На 24.05.2022 (вторник) поради официјална посета на делегација на Српската православна црква, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, при што за сообраќај ќе бидат затворени бул. „Партизански одреди” од крстосница со ул. „Аминта Трети” до крстосница со бул. „ВМРО” и ул. „Св.Климент Охридски” од крстосница со бул. „Илинден” до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски” во Скопје“, се вели во упатството на МВР.

Поглаварот на СПЦ и членовите на српската црковна делегација треба да пристигнат во Скопје денеска. Божествената литургија утре во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе започне од 9 часот, а во соопштението до јавноста, МПЦ – ОА упати покана до верниците да земат молитвено учество.


Слично

Поврзани вести