Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД - за одржување на „Бадникова поворака“ дел од улиците ќе бидат затворени

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД - за одржување на „Бадникова поворака“ дел од улиците ќе бидат затворени

Во текот на утрешниот ден ќе има блокирани улици и сообраќајот ќе се пренасочува поради одржување на манифестацијата „Бадникови поворки“. 
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, на 06.01.2026, по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.

- Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници - се нагласува во нивната објава. 


Слично

Поврзани вести