Посебен режим на сообраќај во Скопје: Протест пред Собранието поради даноците од странство
Денеска од 12:00 часот ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје, поради најавен протест пред Собранието на ул. „11 Октомври“.
Протестот го организира група граѓани како израз на незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП), поврзано со оданочувањето на приходи остварени во странство.
Од СВР Скопје информираат дека, доколку има потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици, а Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на движењето.
Апел до граѓаните е да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Слично
