Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска од 15:00 часот во централното градско подрачје на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради настанот „Парадата на гордоста“.
- Денеска во 17:00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централното градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15:00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, соопшти МВР.
Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Слично
