Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЕБЕН РЕЖИМ: Гинеколошко-акушерското одделение од Куманово соопшти како ќе работи

ПОСЕБЕН РЕЖИМ: Гинеколошко-акушерското одделение од Куманово соопшти како ќе работи

На Гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово се воведува посебен режим на работа, соопштија од болницата.

„Поради вонредната состојба со Ковид -19 и појава на позитивни тестови кај неколку вработени од Гинеколошко-акушерскиот оддел, а со цел најпрофесионален однос кон потенцијалните пациентки, ве известуваме дека Гинеколошко-акушерски оддел од 10 април 2020 година ќе биде под посебен режим на работа. Сите пациентки, чија здравствена состојба дозволува понатамошен третман на УГАК Скопје или Специјална болница „Мајка Тереза” во Чаир, со претходна најава од свој матичен гинеколог ќе бидат упатени во една од овие институции“, информираат од болницата.

Додаваат дека сите итни и неодложни животно-загрозувачки случаи од гинеколошко акушерска природа ќе бидат најпрофесионално третирани на Гинеколошко акушерското оделение.

Од Општата болница Куманово известуваат дека за секоја понатамошна промена во режимот на работата на Гинеколошко-акушерскиот одел, граѓаните навремено ќе бидат информирани.

Општинскиот кризен штаб претходно побара времено затворање на одделението. 

Во кумановската болница имаше дваесетина позитивни здравствени работници. 

Заразени беа и вработени на инфективното одделение. 

Вчера во Куманово се потврдени нови 25 случаи на Ковид 19. 

Слично

Поврзани вести