Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСАКУВАМ ЗОРАН УШТЕ ЕДНАШ ДА РАЗМИСЛИ ЗА СВОЈАТА ОДЛУКА ЗА ОСТАВКАТА - германската сестринска партија вели дека Заев не бил награден од Европа

ПОСАКУВАМ ЗОРАН УШТЕ ЕДНАШ ДА РАЗМИСЛИ ЗА СВОЈАТА ОДЛУКА ЗА ОСТАВКАТА - германската сестринска партија вели дека Заев не бил награден од Европа

Нилс Шмид, надворешнополитичкиот гласноговорник на пратеничката група на германските социјалдемократи во Бундестагот, апелира до премиерот Зоран Заев да размисли за повлекување на оставката на премиерската функција, додека на партиско ниво очекува да продолжи блиската соработка меѓу двете партии и со евентуалниот нов лидер.

„И покрај направените компромиси, во прв ред промената на името на земјата, тој не успеа, не по негова вина, да направи значителен напредок кон процесот на проширување на ЕУ. Јас лично посакувам Зоран уште еднаш да размисли за својата одлука, и барем да остане на функцијата премиер и партнер“, истакна Шмид, пренесува „Дојче веле“.

Според него, оставката на Заев ќе има реперкусии и врз процесот на проширувањето на ЕУ во регионот.

„Секоја земја има свои легитимни внатрешнополитички проблеми. Но, се надевам дека француската политика, по претседателските избори следната година, ќе се врати на ветувањата кои им ги дадовме на земјите од Западниот Балкан. Но, притоа немам никакво разбирање кога една земја како Бугарија, од националистички мотиви веќе две години го блокира почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Со тоа си дадоа автогол. Тоа е фатален сигнал за кредибилитетот на ЕУ во регионот. Зоран Заев го стави своето политичко делување во служба на приближувањето кон ЕУ. Тоа не беше соодветно наградено од сите. Затоа тие не можат да се ослободат од одговорност. Притоа, во иднина ќе биде многу потешко да се постигне решение со преговори“, вели Шмид.

Слично

Поврзани вести