Портпаролот на грчката Влада: Го разбираме Заев, води тешка борба со национализмот
Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, денеска изјави дека изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев кои во грчката јавност се ставени во контекст на мешање во внатрешните работи на јужниот сосед се разбирливи од негова страна.
"Заев води борбата во тешка клима на национализам, па дури и шовинистичка перцепција кои владееле во изминатите години во соседната земја. Според Договорот од Преспа, во уставната ревизија не смее да се сотави ни најмалку простор за политика на иредентизам во соседната држава. Мислам дека сето тоа е многу јасно наведено во Договорот за Преспа и тоа не треба да создаде сомнежи и националистички реакции кои би довеле до тоа да ја загубиме оваа историска можност за дипломатско и политичко решение на прашањето што се однесува на нас, нашите соседи, но и целиот Балкан, веќе скоро 30 години ", објаснува министерот без ресор задолжен за комуникации со јавноста.
