Економија, финансии, бизнис

Контакт

Портпаролот на Беса до Заев: Па не бараме амнестирање на криминалци

Портпаролот на Беса до Заев: Па не бараме амнестирање на криминалци

Видео: ТВ21

Портпаролот на партијата Беса, Абдула Демири, пред втората средба на неговиот лидер Била Касами со Зоран Заев, му порача на премиерот дека не бараат амнестирање на криминалци, туку измена на уставни амандмани.

„Ние сме оптимисти дека барањата на Движење Беса ќе бидат исполнети бидејќи на крајот на краиштата не се барања за амнестирање на криминалци, туку барања кои низ историјата ги барале Албанците во Македонија и истите се аргументирани и логични. Затоа, веруваме и се надеваме дека ќе бидат реализирани“, вели Демири за ТВ21.


Од телевизијата велат дека Беса е сериозна во своите барања, а премиерот Заев знае дека му се потребни нејзините пратеници за уставните измени согласно Преспанскиот договор. 

Од Движење Беса бараат Преамбулата да ја отсликува мултиетничката реалност врз основа на големината, како и вметнување во преамбулата на албанскиот јазик и неговото писмо. Оваа партија преку амандманите бара во параграфот за државјанство да се отстрани зборот „македонско“ за албанските граѓани. Второто барање е во параграфот за грижа на државата за дијаспората, граѓаните да се евидентираат според етничката припадност.

Слично

Поврзани вести