Економија, финансии, бизнис

Контакт

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска е позитивна на коронавирусот

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска е позитивна на коронавирусот

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на Фејсбук соопшти дека е позитивна на коронавирусот. 

„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг. Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето. Чувајте се!“, пишува Кузеска. 


Од Владата, позитивен на вирусот е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Се тестираа премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски при што и двајцата се негативни. 

Слично

Поврзани вести