ПОРТОКАЛОВО НИВО: Предупредување за невреме во скопско, централна и источна Македонија
До петок, под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно со повремени поројни дождови и грмежи. На повеќе места се очекува нестабилност, а локално процесите ќе прераснат во краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата, до петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.
И метеорологот Владо Спиридонов објави информација од информативно-едукативен карактер, дека според алатката NOTHAS постои можност за невреме во земјава.Поширокото Скопско подрачје, како и делови од централна и источна Македонија, особено Велешко, Кавадаречко, Струмичко и Беровско.
• Пороен дожд за краток временски период
• Појава на град
• Силен и локално бурен ветер
• Интензивни електрични празнења
• Локални поројни и урбани поплавувања
Останатите делови од државата со услови за локални грмежливи процеси и краткотрајни временски непогоди.
