Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРТОКАЛОВО НИВО НА ОПАСНОСТ: Високи температури и високо УВ зрачење

ПОРТОКАЛОВО НИВО НА ОПАСНОСТ: Високи температури и високо УВ зрачење

Денес ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Ќе има и слаб до умерен југоисточен ветер.

УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Дневните температури на воздухот исто така ќе бидат високи и ќе се движат од 32 до 41 степен целзиусов.

Денес насекаде, а во среда, односно утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

Во среда кон крајот на денот и во четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Во четврток и петок ќе дува засилен северен ветер и температурата ќе опадне за 5 до 8 степени.


Слично

Поврзани вести