Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРТОКАЛОВА ФАЗА ВО ТРИ РЕГИОНИ: Температура пржи над 40 степени

ПОРТОКАЛОВА ФАЗА ВО ТРИ РЕГИОНИ: Температура пржи над 40 степени

Портокалова зона денес ќе опфати три региони охридско–преспанскиот, јужно-вардарскиот регион и осоговско-малешевскиот регион каде температурите ќе достигнат над 40 степени целзиусови, додека останатите региони ќе се најдат во жолта фаза.

Според информациите на метеопро денес ќе биде најтопол ден оваа недела, а за да биде најтопол годинава, барем според апсолутниот максимум, ќе треба да достигне 40,5°С, колку што претходната недела беа забележани во Гевгелија.

Денот ќе биде сончев, но во текот на вечерта ќе има услови за повремен дожд во крајните источни делови од земјата, како и во околината на планината Кожуф. Вечерта ќе дува умерен северен ветер, а истиот ќе биде најава за малото освежување во петок.

УВ индекс: 9

Во Скопје ќе биде сочнево преку ден, а навечер ќе има умерена облачност и умерен северен ветер. Највисоката дневна температура ќе достигне до 40°С.

Се препорачува да не излегувате од дома додека е најтопло доколку немате некоја итна обврска, и да конзумирате повеќе течности.

Слично

Поврзани вести