Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРТОКАЛОВА ФАЗА НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА: Почитувајте ги препораките

ПОРТОКАЛОВА ФАЗА НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА: Почитувајте ги препораките

Портокалова фаза над цела држава. Температури од алертна фаза се најавени и за денешниот ден .

Поради тоа надлежните упатуваат апели за почитување на препораките  за заштита на здравјето и превенција на последиците од топлотните бранови. 

Овие општи мерки предвидуваат ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згриување на децата градинки да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.


Слично

Поврзани вести