Економија, финансии, бизнис

Контакт

Портали објавија фотографија на Ислам Абази со Невзат Бејта

Портали објавија фотографија на Ислам Абази со Невзат Бејта

Медиумот на албански јазик Pamfleti објави фотографија од наследникот на Вилма Русковска, Ислам Абази на која се гледа дека тој е фотографиран со Невзат Бејта, поранешен градиначалник на Гостивар и потпретседател на ДУИ, пренесе Сител.

Ислам Абази на лов со Невзат Бејта – потпретседател на ДУИ, пишува Pamfleti за изјавата на Абази.

Тој тврдеше дека не е член на ниту една партија и дека го избрале обвинителите.  Рече дека колегите препознале дека ќе биде праведен и успешен. 

Инаку, Абази по потекло е од родното село на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Но, тој во својата денешна изјава тврди дека можеби се сретнал некогаш со Ахмети, но нема блиски врски со него, односно со својот соселанец од Зајас.

Анкетниот лист открива каков имот поседува Абази. 

Слично

Поврзани вести