ПОРТАЛ ОД БУГАРИЈА СО ОЦЕНКА - премиерот Заев остана со празни раце по посетата на Софија
Затоа Заев не успеа да извлече ништо конкретно од бугарските политичари. Шефот на бугарската држава Румен Радев истакна дека билатералните односи се во ќорсокак и дијалогот е замрзнат. Тој во разговорот го прекори и кабинетот на Борисов: ’До одреден степен, ова се должи на фактот дека договорот што го потпишавте со претходната бугарска влада во 2017 година за добрососедство, пријателство и соработка немаше специфични обврзувачки услови и рокови, и ова овозможи променливи толкувања и постапки’… Двајцата разговараа за можноста македонските деца да летуваат во Бугарија и Бугарија да помогне во снабдувањето со вакцини за својот сосед. Со тоа, јавниот состанок заврши.
Претходно, македонскиот премиер се состана со бугарскиот колега Стефан Јанев. По нивниот разговор, привремениот премиер објави дека двете земји во моментов имаат прозорец на можности да ги решат своите разлики. И тој објасни дека воопшто, стремежот на Софија и на Скопје е да создадат поволна атмосфера на дијалог во која историчарите можат да работат и да наоѓаат решенија. Како прво, мора да ги расчистиме работите меѓу себе за да не оставиме нерешени проблеми во европското семејство, додаде Јанев.
‘Го повикувам бугарскиот братски народ и неговите водачи да продолжат да ѝ помагаат на Република Северна Македонија на нашиот пат кон ЕУ. Нема друга алтернатива за нас. Ги повикувам и бугарскиот и македонскиот народ да дадат шанса за добрососедство. Ова им го должиме на младите, на децата и на идните генерации. Боже мој, тоа и го должиме на сегашната генерација’, рече емотивно Заев.
Откако неговата влада ги уништи нашите односи со Северна Македонија, поранешниот премиер Бојко Борисов сега ја префрли својата одговорност на привремениот кабинет. ‘Имате многу состаноци денес. Убеден сум, особено за Радев, дека тие ќе ви кажат дека без парламент, не може да се работи. Ништо нема да излезе од денешниот состанок. Тие дезертираат’, рече Борисов, кој беше прв да разговара со Заев… ‘Тие ги лажат евроатлантските партнери дека се за влез на Северна Македонија во ЕУ’, рече Борисов. Бугарија токму во времето на владеењето на Борисов го блокираше приемот на нашиот сосед во Европската Унија“, пишува бугарскиот портал Сега.
