Порше на скопски бизнисмен запалено во парк
Лускузен модел на автомобил марка „Порше“ во сопственост на скопски бизнисмен вчера најверојатно било намерно запалено.
Како што соопшти МВР, 30 минути по полноќ во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје поточно во Градскиот парк во близина на Арена „Телеком“ имало опожарено возило „Порше“ со скопски регистерски таблици сопственост на А.Д., а управувано од М.Д. од Скопје.
Од страна на полицаец од местото на настанот било подигнато шише со бензин. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Слично
