ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид каде паднаа 38 литри на метар квадратен.
Потоа следат Маврови Анови со 27 литри на метар квадратен, па Крушево со 23. Најмалку дожд имаше во Гевгелија и Дојран, три литри на метар квадратен.
Повремени врнежи од дожд ќе има и денеска. Попладне ќе има грмежи и услови за пороен дожд. Локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
foto freepik.com
Слично
