ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ, НО И ПОНАТАМУ ТОПЛО: температурите постепено ќе опаѓаат, еве што не очекува следната недела
Пороен дожд проследен со грмежи и град се очекува во текот на следнава недела да ја зафати Македонија. Како што објави Управата за хидрометеоролошки работи во текот на следната недела, претежно во попладневните часови, ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
- Следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура - нагласуваат синоптичарите.
Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи. УВ=8.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
