Пороен дожд и грмежи - западните делови на удар
Времето денеска во целата Македонија ќе биде сончево и топло, а доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.
Дневните температури во Скопје ќе се искачат до 31 степен, во Маврово до 24, во Охрид до 27, во Битола до 30, во Кавадарци до 33, во Крива Паланка и Берово до 27, и во Дојран до 34 степени.
Повремени врнежи ќе има и во текот на ноќта, како и утре претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува. Утре дневните температури ќе бидат од 26 до 31 степен.
Позначителен влажен бран се очекува и во сабота попладне. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.
Слично
