ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР: Времето денес
Работната недела ја стартуваме со прилично нестабилно време. Сонцето кое рано утрото се пробиваше низ облаците, попладне ќе исчезне особено во западните делови. Токму за тој регион од државата УХМР за попладне најави поројни дождови, грмежи и силен ветер. Невреме со интензивен дожд, силни електрични празнења и можна појава на град, најави УХМР. Максималната дневна температура ќе се движи до 32 степени во Гевгелискиот регион, 27 во Скопје додека под 20 степени ќе биде во Западниот дел.
Слично
