Економија, финансии, бизнис

Контакт

Породилното отсуство ќе биде до 12 месеци?

Породилното отсуство ќе биде до 12 месеци?

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ја анализира можноста породилното отсуство да се продолжи на 12 месеци, како дел од поширока проценка на системот за боледувања и породилни права. Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски вели дека процесот е сè уште во фаза на анализа и дека клучно ќе биде да се утврдат и финансиските импликации, како и реалните ефекти врз здравствениот и социјалниот систем.

Фондот истражува колку боледувањата пред и по породувањето се поврзани со самата бременост и дали постои потреба од системски измени.

„Се обидуваме низ анализата да видиме колку се тие боледувања пред и после породилното поврзани со истиот процес на бременост. Во зависност од тоа може да видиме како може да го подобриме механизмот“, изјави Клековски.

Тој додава дека честите отсуства пред и по породилното отвораат прашање за евентуално редизајнирање на моделот на породилни права.

Слично

Поврзани вести