Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАЗИТЕЛНО: Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

ПОРАЗИТЕЛНО: Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Според УНИЦЕФ, секое трето дете во Македонија живее под националниот праг на сиромаштија, а 20.000 деца немаат ефективна здравствена заштита. 

Дополнително, помалку од 37 отсто од децата на возраст меѓу 3 и 6 години имаат пристап до предучилишно образование, а половиина од децата со попреченост не преминуваат во средно образование.

Од УНИЦЕФ препорачуваат земјава што поскоро да ја воведе Европската детска гаранција-ЕУ механизам кој овозможува полесен пристап до социјални услуги на најранливите категории.

Според истражување од УНИЦЕФ спроведено во 43 земји во пресрет на меѓународниот ден на семејството, Холандија, Данска и Франција се најдобри места за ментална благосостојба на децата, а на дното на листата се Мексико, Турција и Чиле.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести