КАТАСТРОФАЛНО: Помина половина година, а за капитални проекти не се потрошени ниту петина од парите, ребаланс нема
Фантастично ниски
16 проценти од вкупно предвидените пари за капитални инвестиции за годинава
реализирала Владата за шест месеци. Значи за половина година не се потрошени
ниту една петина од предвидените пари за патишта, училишта градинки, железница.
Од месец во месец реализацијата на капиталните расходи беше лоша, па на
полугодишно ниво кога практично треба да се реализирани барем 40 до 50 отсто од
овие расходи, не се потрошени ниту 20 отсто.
Според денешните податоци од Министерството за финансии за капитални расходи, државата годинава во шестте месеци потрошила само 65,3 милиони евра, што е точно 16,65 отсто од предвидените пари за годинава. Имено за оваа намена во годинешниот буџет се предвидени 392 милиони евра.
Во текот на ова полугодие власта давеше коментари во врска со слабата реализација на капиталните инвестиции. Се тврдеше дека поради грешки од минатата власт се стопирани дел од капиталните проекти.
Инаку вкупните приходи се реализаирани во процент од безмалку 47 проценти од вкупно предвидените, а расходите се реализаирани во процент од речиси 45 отсто.
Од Министерството за финансии велат дека во моментов не се работи на ребаланс на буџетот, оти и прибирањето на приходите е на задоволително ниво.
А.Т.
