Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поразителни факти за Скопје: Веќе нема разлика меѓу пушачи и непушачи

Поразителни факти за Скопје: Веќе нема разлика меѓу пушачи и непушачи

Околу 90 отсто од студентите од Скопје кои биле вклучени во испитување на Медицинскиот факултет имаат цијаниди, односно роданиди во плунка, соопшти Бети Дејанова, советничка од ДОМ во општина Центар на вонредна седница на која се дебатираше за загадувањето на воздухот.  Дејанова тврди дека такви резултати кои докажуваат дека нема разлика меѓу пушачи и непушачи добиле прв пат по 30 години колку што и самата работи на Медицинскиот факултет. 

„Професор сум на Факултетот за медицина, повеќето од вас знаете. Прв пат се случува после 30-годишно работно искуство, случајно во лабораторијата каде што испитуваме интоксикација на лица, да добиеме 90 отсто од студентите дека се интоксицирани со цијаниди, односно роданиди во плунка. Ова не се случило последниве 30 години и можам да кажам за мене е ова алармантно. Сите се студенти од Скопје значи тука живеат и можам да ви донесам слики, бидејќи ги сликав сите епрувети и не ми се верува - како да работат во индустрија со олово. Сите добија такви вредности“, рече на седницата Бети Дејанова – советничка од ДОМ во општина Центар.

360 Степени пренесе дека седницата завршила без заклучок или одлука во насока на подобрување на квалитетот на воздухот во општината. Дејанова тврди дека овој експеримент го прават години наназад. 

„Сакаме да им докажеме на студентите дека постои разлика во излачени роданиди кај пушачи и непушачи и правиме разлика кај студентите. Меѓутоа, оваа година забележавме некоја невообичаена појава кадешто не можевме да одредиме кој е пушач, а кој е непушач од примероците на плунка што ги имавме.“, појаснува проф. д-р Бети Дејанова -  раководителка на Институт за физиологија.

Роданидот го лачи човечкиот организам за да ги претвори токсичните супстанци во нетоксични, кои на крај ги обработува црниот дроб. 


Слично

Поврзани вести