ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став
Докторот Бојан Трајковски со свој став околу растот на бројот на заболени од сезонските вируси.
„Пораст на болните од грип, настинки, ковид, разни вирози и бактерии е очекуван и по ништо не треба да предизвикува паника и сензационализам, бидејќи беше целосно јасно што ќе се случува после толку многу групни новогодишни игранки и собиранки.
Овие бројки се на почеток од својот раст и својот пик ќе го достигнат некаде средина, евентуално крај на февруари, каде што очекуваме и школарците и студентите да го поминат својот ред на разболување, со оглед на тоа што ќе почне нивното активно мешање и дружење.
За загадениот воздух, не ни прашувајте, бидејќи речиси кај секој еден пациент го пролонгира оздравувањето за некој ден плус или остава некаков симптом кој трае и некој месец плус!“, напиша тој.
Слично
