„Порано чекав празници за да можам да прославам што било, Кристијан ме научи секој ден да го живеам како празник“ - Празнично интервју со Ивона Јо
„За фамилијарната трпеза – ќе бидеме собрани сите во Куманово па заедно ќе подготвиме една скромна трпеза во чест на нашиот спасител Исус Христос. Ќе му благодариме на Бога за семејството и за убавото време што ќе го имаме заедно тој ден велејќи си еден на друг Христос-Воскресна. Пред тоа ќе одиме на Богослужба за да го прославиме Исусовото Воскресение заедно со луѓето од црква“ – вели во интервју за Женски Магазин, нашата пејачка со ангелски глас, Ивона Јо.
Како планираат да го прослават првиот заеднички Велигден со сопругот Кристијан? Која традиција планираат да продолжат да ја почитуваат? Но, и дали планираат да направат голема свадба и како ги замислуваат заедничките празници по 10 години?
Со Ивона Јо разговаравме на повеќе теми во празничното интервју по повод велигденските празници, а од нејзините зборови се гледа посветеноста со која таа им пристапува на овие денови.
Како што и самата вели, сопругот ја научил да го живее животот на сосема поинаков начин – па во тој дух планираат да ги поминат празниците.
Целото интервју на Женски магазин.