Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешниот возач на Хазби Лика пронајден застрелан

Поранешниот возач на Хазби Лика пронајден застрелан

Вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово, Фатмир Тахири, е пронајден застрелан во автомобил во близина на својот дом во Тетово во близина на главниот градски плоштад.

За средновечното лице е познато дека порано бил возач на поранешниот вицепремиер Хазби Лика. Во автомобилското стакло се пронајдени дупки од огнено оружје, но сè уште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство. 

Од семејството или општина Тетово познато е дека починатиот немал семејни или работни проблеми. На местото на настанот е полицијата и екипи од обвинителството.

Фото: РСЕ

Слично

Поврзани вести