Поранешниот уредник на весникот „Дневник“ стана директор на МИА
Поранешниот уредник на весникот „Дневник“ во време на управувањето од страна на групацијата МПМ, Дарко Јаневски, е назначен за нов директор на државната информативна агенција МИА.
Станува збор за аналитичар кој е идеолошки многу близок со сега владејачката партија, а доаѓа на местото на генерален директор и претседател на УО на МИА, Драган Антоновски.
Јаневски има работено и во неделникот „Фокус“, во „Нова Македонија“, во „Вечер“. Од 2018 до 2025 година е уредник на порталот „Денешен“.
Слично
