Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР ГЕОРГИЕВСКИ НАЈАВУВА СВОЈ ПОТКАСТ: „Секој нов пост ме мотивира што поскоро да почнам“

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР ГЕОРГИЕВСКИ НАЈАВУВА СВОЈ ПОТКАСТ: „Секој нов пост ме мотивира што поскоро да почнам“

Поранешниот пермиер, политичар и еден од основачите на една од најголемите политички партии во земајва ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски преку социјалните мрежи најавува засилено присуство во јавноста. 

Неговата последна објава на „Фејсбук“ навестува дека Георгиевски би можел во следниот период да направи и свој поткаст, а фокусот на неговите објави би биле теми за нашата историја.

Без да открива многу детали, тој накусо напиша дека има мотивација за нов проект. 

- Бројот на прегледи кој се зглемува со секој нов пост ме мотивира што поскоро да започнам со мојот поткаст на теми за македонската историја - напиша Георгиевски на Фејсбук. 

Еве ја неговата објава



Неговата објава предизвика бројни коментари, од кои дел со поддршка, дел со иронични забелешки. 

Како што може да се забележи од неговите објави на социјалните мрежи тој најголем дел од нив ги посветува на историски теми. 

Слично

Поврзани вести