Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешниот портпарол на Град Скопје, стана заменик градоначалник на Карпош

Поранешниот портпарол на Град Скопје, стана заменик градоначалник на Карпош

Општина Карпош доби заменик-градоначалник, откако градоначалникот Сотир Лукровски го назначи советникот Неделчо Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ на оваа функција.

Со ова именување, Крстевски ќе може да ги извршува сите надлежности на градоначалникот во случаи на негово отсуство, согласно законските одредби.

Назначувањето доаѓа шест месеци по преземањето на функцијата од страна на Лукровски. Засега, од Општина Карпош нема официјално образложение за причините за ваквиот потег.

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, реагираше на назначувањето, оценувајќи дека ваквата одлука отвора дилеми за начинот на управување со општината.

Заменик-градоначалникот во отсуство на градоначалник е градоначалник. Ова што се случува во Карпош е обид за изигрување на волјата на граѓаните, вели Јакимовски и додава дека карпошани гласале за еден човек за градоначалник, а сега ВМРО-ДПМНЕ им поставува друг.

Неделчо Крстевски беше портпарол на Град Скопје во времето кога со градот градоначалствуваше Коце Трајановски. на последните локални избори тој влезе во Советот на општина Карпош.


Се огласија од општина Карпош. Оттаму демантираат дека Лукровски си поднел оставка.
„Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање.

Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните. Согласно законските процедури, надлежности привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.

Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период“


Слично

Поврзани вести