Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешниот партнер со пиштол дошол пред врата, полицијата спречи обид за убиство во Гевгелија

Поранешниот партнер со пиштол дошол пред врата, полицијата спречи обид за убиство во Гевгелија

Гевгелиската полиција спречи обид за убиство.

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство по пријава на 25-годишна жителка (М.П.) дека пред вратата од нејзиниот дом чула репетирање на пиштол и закани од нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој бил во придружба на лицето Л.Г. и тропал на вратата.

Патролите веднаш интервенирале. При увид на местото, во ормар за чевли е пронајден пиштол (без рамка). При алкотест, кај Л.Г. биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта.

Според полицијата, двајцата осомничени се уапсени и против нив ќе следува соодветна пријава. Поранешниот партнер Ј.Г., кој е уапсен, до местото пристигнал искористувајќи викенд-отсуство од казнено-поправна установа.

Инцидентот е пријавен на 13 октомври околу 14:42 часот. Првичните докази се обезбедени, а истрагата продолжува под координација на надлежното обвинителство.

Слично

Поврзани вести