Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорги Галетановски, среде навивачки инцидент во Краков

Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорги Галетановски, среде навивачки инцидент во Краков

Фото: Спортмедиа

Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорги Галетановски, се најде среде навивачки инцидент за време на вчерашниот инцидент помеѓу македонски навивачи на трибините во салата на послки Краков, каде што македонската ракометна репрезентација загуби убедливо од Аргентина и го заврши учеството на Светското првенство.

Менаџерот популарен во јавноста како Чомбе навидум се најде меѓу редарите кои го расчистуваа инцидентот, за чии причини низ спортските портали веќе кружат неколку верзии, а една од нив е дека го започнале бабата и дедото на ракометарот Филип Талевски.

На фотографијата може да се види и директорот на затвор Шутка Филип Андонов Сокол, а медиуми известуваат дека во инцидентот бил инволвиран и Силвио Аврамовски кој беше советник за економска соработка со земјите од Блискиот Исток на поранешниот премиер Зоран Заев.

Очигледно очајните настапи и лошите резултати беа и предуслов за неочекувани и срамни инциденти на трибините во „Таурон Арената“. Во еден момент на мечот летаа боксови и клоци меѓу нашите фанови кои се дел од популарната „Фаланга“.

Слично

Поврзани вести