Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ПОЦ, КИЧЕВСКИ, СТАНА СЕКРЕТАР ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ НА ВЛАДАТА - му се заблагодари на премиерот Ковачевски

ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ПОЦ, КИЧЕВСКИ, СТАНА СЕКРЕТАР ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ НА ВЛАДАТА - му се заблагодари на премиерот Ковачевски

Поранешниот директор на Паркинзи општина Центар Васко Кичевски стана Секретар за јавни политики на Владата.
Тоа го објави на својот фејсбук профил.
„Со особена чест и задоволство ќе ја вршам функцијата Секретар за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти и инвестиции поврзани со приоритетите на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Му благодарам на премиерот Димитар Ковачевски за укажаната доверба и ветувам дека ќе дадам се од себе да ја оправдам со исклучително одговорно, посветено и чесно работење кое ќе донесе ефикасни и позитивни резултати. Ова е голем предизвик за мене и верувам дека ќе придонесам многу во остварување на стратешките приоритети на Владата кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните на Република Северна Македонија“, пишува Кичевски јна својот фејсбук профил.

Во време на мандатот на поранешниот градоначалкник на Центар Саша Бодановиќ Кичевски беше на функцијата директор на ПОЦ, но откако градоначалничката палка ја презеде Горан Герасимовски, беше именуван друг кадар на местото на Кичевски. 

Слично

Поврзани вести