Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев, ослободен од обвинение за нелекување на пациент

Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев, ослободен од обвинение за нелекување на пациент

Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев, како и Игор Стојковски и Марија Симоновски, како доктори на оваа клиника се ослободени од судот за несовесно работење во службата. Според судот, немало докази.

Според Обвинителството и по поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година, тие три месеци на пацинет не му пропишувале терапија, по што здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019

Предметот почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба.  

Васев  беше обвинет дека како директор на онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија на пациентот од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што 

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, во изјава за медиумите по објавувањето на пресудата најави жалба пред второстепениот суд и рече дека тврдела и ќе продолжи да тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.

- Тоа што го сториле обвинетите и тоа што треба да извлече поука целиот докторски персонал што работи со пациенти на Онкологија, е дека на овие пациенти им е потребна заштита согласно два закони – Закон за здравствена заштита и Закон за заштита на права на пациенти. Тие имаат точно определени права кои што им следуваат и се однесуваат на прием, лекување, терапија, дијагноза, третман, однос на лекари кои што ќе име внесе доверба дека се во сигурни раце и дека можат да очекуваат продолжување со медицинска заштита на нивниот живот. Тоа не го добил овој пациент, кој што е починат во многу тешки услови и околности и заради тоа сметавме дека е сторено кривично дело, изјави Раичевиќ.


Слично

Поврзани вести