Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ПРАВДА ПРЕДУПРЕДУВА - треба да се одбие идејата за внес на етничката припадност во личните карти

ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ПРАВДА ПРЕДУПРЕДУВА - треба да се одбие идејата за внес на етничката припадност во личните карти

Поранешната министерка за правда Рената Дескоска, се јави со прва критика за законска измена во најава за актуелната владејачка гарнитура во која до скоро учествуваше.

За можното влегување на графата за етничка припадност во обрасците за лични карти, за кое веќе пишуваше Фактор, таа вели дека е ретрограден процес.

Имено, четворица пратеници од БЕСА, која е во коалицијата на СДСМ, поднесоа предлог законски измени за Законот за лична карта, со кој едничката припадност би влегла во овие документи за идентификација на граѓаните.

Од СДСМ за Фактор изјавија дека тоа одамно е планирано од Владата, но се стравува да не предизвика одредени правни проблеми, па затоа ќе се прават консултации со претставниците на меѓународната заедница. 

Нивната сопартијка, пак, Дескоса, денеска излегува со совет дека тој предлопг треба да го одбијат и дека тоа нема да знаќи приближување кон европските стандаради.

Еве што на својот фејсбук профил поточно напоша Дескоска. 

„Впишување на етничка припадност во личните карти е ретрограден процес кој е критикуван од Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Советодавниот комитет го критикува задолжителното впишување на етничката припадност во лични документи или интерни записи на административните органи, вклучувајќи ја и полицијата, како спротивно на правото на слобода на самоидентификација.

Затоа овој предлог треба да се одбие! Измените во законодавството треба да носат подобрување и приближување на законите кон европските стандарди, а не ретроградни процеси во кои ќе отстапуваме од тие стандарди, кои веќе ни се имплементирани!“, напиша Дескоска.

Слично

Поврзани вести