Поранешна стечајка од Кичево е добитник на лото-наградата од половина милион евра
Доста Андоноска од Кичево, инаку поранешен стечаен работник од „Кичево Пром“, а денес пензионерка, сопруга, мајка и баба, е добитничка на наградата од повеќе од милион евра.
Лотарија објави дела најновата 7-ка на ЛОТО 7, којашто беше постигната во 95 коло, со вредност од 32 921 304, комбинација уплатена во продажното место „Детелинка“ – Кичево, се паднала кај баба Доли.
Андоновска рекла дека со наградата ќе им помогне на најблиските во остварување на желбите и плановите во понатамошниот живот.
„На сите им порачува дека за да добиете, мора да сте полни со верба во среќата и со чувство дека ќе добиете. Таа чувствувала дека еден ден ќе добие 7-ка и низ годините учествувала во сите различни видови лото игри“ пренесува операторот.
