Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешна министерка на Груевски ќе го организира ЕКСПО 2027 во Белград

Поранешна министерка на Груевски ќе го организира ЕКСПО 2027 во Белград

Претседателот на Националното движење на Србија, Мирослав Алексиќ, напиша на социјалната мрежа X дека Марта Арсовска Томовска, поранешна министерка во Владата на Никола Груевски дека е назначена за комесар на специјализираниот саем ЕКСПО 2027 во Србија.

Арсовска Томовска беше министерка за информатичко општество и администрација во 2016 и 2017, последните две години од владеењето на Груевски, а пота се пресели во Србија и стана советник в кабинетт на пранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ.

Алекиќ оцени дека организацијата на Експо 2027 е „катастрофална за државата и корисна само за корумпираниот режим“.

„Додека државата нема пари за здравство, образование, земјоделство и социјална заштита, пари се фрлаат на овој проект за да може елитата на Вучиќ да украде повеќе пари на луѓето пред да падне од власт“, ​​напиша тој на X.


Слично

Поврзани вести