Поранешна дивоградба кај „Мавровка“ стана клиника за трансплантација на коса
На просторот кај поранешната дивоградба пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје стана клиника за пресадување на коса.
Клиниката за трансплантација на коса „ВатанМед“ со потекло од Турција денеска го објави во медиумите почетокот на своето работење во овој објект.
Објектот минатата година повторно се изгради, но властите за вториот случај рекоа дека биле почитувани прописите.
Инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба пред две години се уриваше со полициска придружба, призна вина и доби условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3 000 денари (50 евра).
Алити без одобрение за градење, градел објект со површина од 330 квадратни метри, а пресудата беше правосилна.
Слично
