Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешен вработен во Општина Куманово се сомничи дека го олеснил буџетот за над 2 милиони денари

Поранешен вработен во Општина Куманово се сомничи дека го олеснил буџетот за над 2 милиони денари

Општина Куманово поднесе кривична пријава против поранешен вработен.

Лицето се сомничи дека додека работело во локалната самоуправа, во постапка за легализација на имот се откажало од корисничко право за земјиште на кое бил построен објект, кој требал да биде легализиран на име на Општина Куманово, а со крајна цел да овозможи на трето лице да се стекне со имотна корист, така што ќе го легализира објектот на сопствено име. 

„Со ова лицето В.Б. ги пречекорило своите законски овластувања и ја оштетило општината за износ од 2.152.192 денари, притоа со наведеното постапување се јавува како оштетена страна и Здружението за слепи лица од Куманово, кому Општина Куманово го дала на употреба објектот за свои потреби“, соопштија од општината. 

Незаконското решение е поништено. Како оштетена страна се појавува и Здружението за слепи лица од Куманово, кому општина Куманово му го дала на употреба објектот за свои потреби. 

Слично

Поврзани вести