Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешен советник од СДСМ на Град Скопје назначен за директор на АД Бутел

Поранешен советник од СДСМ на Град Скопје назначен за директор на АД Бутел

Ѓорѓе Матевски, член на Советот на Град Скопје од претходниот состав, во ЦРМ е впишан како нов генерален директор на погребалниот сервис АД Бутел на местото на долгогодишниот управител Драгољуб Гроздановски.

Ова претпријатие, за разлика од неколкуте јавни под капата на Град Скопје, е основано од градското Собрание како акционерско друштво, а во раководството регистрирани се и промени и во Управниот и Надзорниот одбор.

Според последните финансиски податоци, претпријатието кое ги оддржува најголемите гробишта во Македонија остварило приход од 93,1 милион денари, но работи без добивка, односно без профит.

Слично

Поврзани вести